Организаторите на 100 Илјади поети за промена во Струмица

Мајкл Ротенберг и Тери Керион вечерва во 20:00 часот во Маф Маф ќе го презентираат поетското движење 100 Илјада поети за промена во Струмица. Ова е светско движење кое последните три години се реализира ширум светот, а Струмица е една од главните точки на мапата за овој настан.

pesevski

Досега на овој фестивал во Струмица учествуваа повеќе од 50 поети меѓу кои освен од Македонија имаше и од Албанија, Србија, Русија, Турција и тн., но она што е поважно е дека официјалната бројка од 800 градови кои се вклучени во овој настан секојдневно расте. Вечерва организаторите и креаторите на оваа важна идеја за светот на поезијата ќе проговорат пред струмичани за самата идеја и почетокот на една нова визија, за можноста преку пишаниот збор да се покаже една нова перспектива за подобро утре, за подобра иднина и за свет во кој ќе владеат еднакви можности, нема да има насилство и ќе биде толерантно за сите категории на луѓе, вклучувајќи ги и ранливите групи.

Мајкл Ротенберг ќе изјави: Македонија е местото каде што може да се видат работите со поотворени очи. Се чувствувам како да се среќавам со стари пријатели секаде каде што одам. Македонците имаат вистинска љубов и разбирање за поезијата и животот. Сигурен сум дека ќе најдете најмалку 100 илјади поети за промена само во Македонија. Вечерва ќе биде искуство кое ќе не трансформира сите нас.

Темите кои се најчеста инспирација за авторите и поетите вклучени во ова движење обработуваат содржини од општествениот и социјален живот, мирот, одржливоста, природните ресурси, заштита на планетата Земја. Проблемите поврзани со глобалното затоплување, природните промени, со содржината на ранливите групи, желбата за поубав свет и подобро утре!

Преку овој проект ќе се согледа дали поезијата и пишаниот збор се доволно моќни да направат позитивна промена во државата, промена во начинот на размислување, односот на луѓето, обидот да се инспирираат и мотивираат луѓето за барем минимална промена. Да се промени гледиштето на светот со зборови, мисли, активистичка поезија, социјална, општествена опсервација на моментални состојби на умот и телото, размислувања и разговори со самите себе, внатрешни промени наспроти големата слика.

100000-02

Целта и мисија на ова движење е јавно да проговориме, преку нашиот ракопис, т.е. создавањето и креирањето на поезија, поточно социјално ангажирана поезија. Да проговориме јавно за сите оние промени кои сакаме да ги видиме, а се однесуваат како на оние материјалните аспекти, така и на оние духовните аспекти, но, најмногу сакаме да зборуваме за тоа дека не сакаме да има повеќе војни, геноцид, сакаме да има толеранција, разбирање, прифаќање на различностите и всушност ширење на она генерална, основна порака на луѓето, т.е. повеќе љубов, повеќе разбирање и прифаќање на луѓето такви какви што се, рече Митко Гогов, млад поет и претставник на движењето „100 илјади поети за промена“, во Струмица.

Вечерва освен оваа презентација ќе се реализира и кратко поетско читање на кое се поканети поети од Струмица меѓу кои Златкова Мануела, Мирна Трпкова, Никола Сарајлија, Ацо Гогов, Иван Котев, Панче Ќосев, Марија Челебиева и многу други кои во последните неколку години настапуваат на оваа манифестација.

Освен во Струмица Мајкл Ротенберг и Тери Керион ќе ја презентираат идејата, целта и мисијата на ова движење и во Гевгелија и Скопје. Освен во Струмица досега движењето 100 Илјади поети за промена има организирано презентации и поетски читања во неколку градови во државата.

Advertisements

2 thoughts on “Организаторите на 100 Илјади поети за промена во Струмица

  1. Pingback: Организаторите на 100 Илјади поети за промена во Струмица | Strumica Online

  2. Pingback: Организаторите на 100 Илјади поети за промена во Струмица | StrumicaCity

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s