4 години заедно – 100 Илјади поети за промена

Со две поетски читања, едно за основците и средношколците и вечерното на кое учество зедоа дваесетина македонски автори, изложба на плакати и промоција на дел од поезијата која беше промовирана online како дел од овогодинешните програмски активности, на 27 септември, 2014 година во Струмица, се одржа четвртата по ред манифестација „100 Илјади поети за промена“.

александар

Настанот е дел од глобалното движење во кое се вклучени бројни уметници и интелектуалци од над 100 држави во светот. До крајот на годината се очекува да излезе од печат алманахот за оваа година, за чија промоција своевремено ќе известиме.

Годинава по втор пат ќе биде промовиран алманах „100 Илјади поети за промена“ во кој ќе бидат застапени дел од поетите кои ќе учествуваат на конкурсот за поезија. Целта на глобалното поетско движење е мобилизирање на поетите од светот и подигање на свеста кај граѓаните за проблемите со кои се соочуваат, со тоа што поетите имаат единствена можност преку сопствената ангажирана поезија да проговорат за сите прашања.

100 ILJADI POETI Finalno-05OK

Овогодинешното издание на фестивалот во Македонија беше посветен на Енди Лопез, 13-годишно дете од Санта Роса, Калифорнија, кое беше застрелано од полицијата поради играчка-пиштол.

Во овие четири години се појавија триесетина млади надежни автори кои веќе почнуваат да гледаат низ призмата на промените и низ призмата на стиховите. И тие млади се мојата надеж, односно семето кое се обидувам да го посеам во нашето општество и кое искрено, прецизно и кристално ќе зборува за се она што ги опкружува, а не е толку убаво, односно ќе говорат гласно за сите оние проблеми кои нам како држава ни се случуваат“

Доколку сакате ОВДЕ можете да ја погледнете галеријата од фотографии од оваа година!

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s