Објавени конкурсите на #100TPC – Македонија за 2015 година

Здраво пријатели на манифестацијата која е дел од глобалното движење „100 Илјади поети за промена“. Сакаме да ве поканиме оваа јубилејна петта година по ред да ја прославиме заедно. Што велите? 🙂

11889658_382497831943930_3456485236850739226_n

Секоја година ги распишуваме двата официјали конкурси од кои едниот за поезија, а другиот за изработка на постер/ плакат кој ќе биде застапен на групната изложба која е дел од самата манифестација, додека за најмладите подготвуваме дополнителна соработка со училиштата овде, за и тие да бидат дел од програмата со специјалното денско читање кое го посветуваме исклучиво за нив.

ПОЕТСКИ КОНКУРС на манифестацијата „100. 000 поети за промена“

Mанифестацијата „100 000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распишува поетски конкурс за овогодинешното издание на Фестивалот. Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално.

Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на Facebook профилот на оваа манифестација или на poetizapromena@gmail.com најдоцна до 15 септември 2015 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредува организацискиот одбор на манифестацијата и здружението и потоа селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 Илјади поети за промена“ – Македонија, која ќе биде издаден како склоп од оваа манифестација.

Сите останати пристигнати песни ќе бидат објавени на интернетскиот портал на „100 Илјади поети за промена“, затоа што сме овде да се читаме и online, нели? Ваков конкурс се организира веќе петта година го ред – исто онолку пати колку и што се организира оваа манифестација во Република Македонија.

a5

КОНКУРС ЗА ПОСТЕР за манифестацијата „Сто илјади поети за промена“

Mанифестацијата „100.000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распишува конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот, а истите тематски можат да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, мирот… веќе се разбираме, така? 🙂

Дизанерските решенија може да се испраќаат на истиот email погоре (poetizapromena@gmail.com) или на Facebook профилот на оваа манифестација најдоцна до 20 септември 2015 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението.

Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата која е дел од манифестацијата „100 Илјади поети за промена“, на 26 септември 2015 година во Струмица.
__________________________________________

Манифестацијата „100. 000 поети за промена“ е од меѓународен карактер и се одржува во повеќе светски и европски земји, односно, во моментов имаме најавено 500 настани во над 100 земји во светот за оваа година!

11352195_830860986997634_78403404_n

Почитувани, Ви благодариме за одржување на иницијатива – 100 Илјади поети за промена – глобален ден – 26 септември 2015 година!

Целата документација од овој настан како и од сите поединечни досега се објавени на веб сајтот 100TPC.org, а ќе биде зачувана и архивирана од Универзитетот Стенфорд во Калифорнија, кој го признава „100 Илјади поети за промена“ како историски настан, односно најголемо поетско читање во историјата.

Тие ќе ја архивираат комплетната содржина на веб-сајтот 100TPC.org, како дел од нивната програма за дигитално архивирање LOCKSS.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s