Викторија Мирческа – Во едни очи…

Во едни очи се цели приказни.
А мали се. И влажни.
Доволно тркалезни да видиш
како целиот свет се превртува во нив.
Доволно бистри да видиш
како животот однапред им е виден во циганската кугла.

Во едни очи секоја трепка одбројува секунди од темнината до светлината и обратно.
Во секој трепет има повеќе верба и надеж, а уште повеќе страв и копнеж.
Во едни очи долните и горните трепки се плеткаат како бодликава жица.
Низ неа зениците го гледаат светлото на крајот од тунелот.

Во едни очи има повеќе боја во ирисот
иако тебе ти се чинат црни.
Во тие очи има едно утре.
Во тие очи има огледало пред кое замижуваш.
Можеби се твоите очи.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s