Бојана Коштрева – Промени

И што сега!?

Каде го чувате тоа време што лечи рани?
Јас знам за време во кое се примаат удари од сите страни!
Конфузни лица, замислени, во глава носат пусти сонови,
носат актовки полни идеи, туѓи прашања, лажни одговори.

А каде се крие таа среќа што се насмевнува, во кои подруми?
Кажете место само нека не се зборови, празни зборови.
Имаме таленти кои спонтано шараат подови
Некои слики никогаш не бледнеат, само трошат ѕидови…

Умислени фаци, простираат алтруизам со празни души-полни топови.
Крени глава, види горе – смогови, некогаш беа азурни сводови!
Ги гледаш ли оние сламки со трња? Некогаш беа цветови,
брилјантни умови со сјај на младост, бараат нови светови.

Сакам да наполнам срце, да пишувам љубов, но не ми стигаат слогови.
Инвестицијата ”коцка радост” нека се носи со квадкоптери, дронови
– извитоперени карактери поштедени од љубов си задаваат автоголови.

Ми треба платформа без деструктивност на сопствена штета, без падови.
Ентузијазам и разочарување ми треба, нова алтернација, без стравови.
Недостига на ова тло машка рака, топла душа и детски гласови…
А каде си идат во пресрет сродните души, во кои часови?

И што убивме додека го убивавме времето што секако си бега?!

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s