Катерина Гогова – Деноноќие

Замавнува денот тежок од остра и дволична плима,
црвена надеж го сече хоризонтот.
Пазарно утро за евтини емоции,
еден по еден се растоваруваат соништата,
во сите торби мижуркаат желби и недотраени болки.

Абсинт горки вкусови на непцата,
во мрсната храна уживаат посните души.
Во пладнето се нижат минутите кои го двојат
пеколот од намерите,
патот е прав и без препреки,
со половинки од воздишки се хранат гревовите.

А ноќта, таа гола сопатничка на месецот,
ги собира телата од последниот масакр на времето,
попусто потрошено,
во топли чаршафи ги витка страстите,
ги множи клетките,
ги гасне погледите.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s