Никола Ристевски – Новото СонЅе на Слободата

Во ред ли е да молчиме со усти отворени?

Хаотично ли е ако гледаме со очи затворени?
Ќе биде ли на арно кога ќе дојде потешкото?
Или сè е сеедно, пак нека сврти Тешкото?

Борбата за слобода заборавена,
таа за совршенство одамна оставена
сол на жива рана, република млада

од пепелта остана само погребната клада

а Фениксот не сака ни да чуе да стане од пепел

Змејот е љут и остава од Ламјата да кркаме ќотек

оти уште одамна некој друг дворот ни го метел

а маната наша насушена станала потврда од двопек

ќотек

пепел

прав

нема зошто да ви е страв

децата на Сонцето се со вас

ете кај е судниот час

Припремите за обзнана се во тек…

Знаеме дека сме во програма, почитувани.

Но, дали знаете дека сме чеда на новиот век?

Си доаѓа денот кога новото време ќе се обзнани.

Стани.

Елате да Ве ослободам.

Нов светски поредок, нов ред?

Или крај на старото, па нов тек?

Реката Таен Рај на небо ил’ на земја е?

Можеби под земја е кај другото Сл’нце?

Ооо, СонЅе!

Доаѓаме со новото пришествие

Силата на создавањето нè испрати на патешествие

За да Ви ги отвориме долапите на потсвеста темна

И да из’рти семето на сортата древна

Ново Сонѕе на слободата и почеток на борбата за совршенство

Слобода од материјалното, политичкото и духовното робство
Нема веќе сопство, сè е едно, ко Градината Една

Дојде редот да се простиме со илузијата бедна

Поздрав од дрвениот сплав на реката Таен Рај

Трај и прај

Сјај

(и не лај кога немаш јасна мисла, оти често е поарно да се трае, наместо зорле да се зјае…секако има кој да ви бае)

Ѕе. И не е сеедно што сè едно е.

 

 


(посветено на движењето Поети за Промена)

Save

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s