Д.А. Лори – Небо во време на тапост

Сите навидум различни неба,
едни во време на спокој и мир,
други во невреме; војна и смрт,
сите тие навидум различни неба
се едно исто, заедничко небо,
свиснато над нашата радост или болка;
свиснато од сопствената болка,
оти никој повеќе не го погледнува.

Де, погледни, ќе видиш залутани облаци кои
во себе го носат чадот на Палестина,
воздишката и тивкиот плач на измачувана жена,
насмевката на двајца заљубени и загледани во Волтава,
плачот на изгладнето дете, некаде во овој ненаситен свет,
плачот на дете со раскрвавено колено
и мирисот на влажната марамица на
загрижената, педантна мајка,
музиката од веселба сред ливада
и урликањето на пијаните сватови…
Сите овие звуци кои патуваат
над нас и околу нас,
и се рециклираат како облаци,
нема кој да ги чуе,
оти го забораваме небово,
далеку е, фиктивно е, нестварно е,
како војна на друго место
додека ти живееш во мир.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s