Даниел Карески – Sehnsucht

Деновиве влегувам во себе
каде мириса на рането животинче
полиено со пиво. Играм според правилата
и губам се за малку
заради човечката глупавост
што од некои обични денови
прави тупа дождлива недела.

Губам коса, губам пријатели
утра кои ниту се фантазија
ниту дел од фантазија.
Ги губам моите алишта по туѓ под.
Тоа ми помага да сфатам
дека не мора да поседуваш
за да имаш.

Ме губи овој дел
од историјата
која прави
актуелни настани од
тепачки за паркинг место
и продава перверзиja
на килотони.

Ми текнува на тебе,
Со различeн позивeн броj,
сме чекале пред семафори
повеќе
отколку пред врата еден кај друг
сред град кој се плаши на зајдисонце
и прети на пешаци.
Сега градот е поплавен и
немам каде да го вкотвам ова што
некој би го нарекол душа,
а тоа ветришта и водолии внатре.

Имам необјаснива желба
за самотија,
која низ годините
никако да ни се исполни.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s