Биљана Стојановска – * * *

Го прашав татко ми на сон
како успеавме толку да се
одалечиме.
Не ми одговори, само ми
подари цвеќе
и остро ме прекори дека
одамна ги немам
нахрането рибите.
Му реков дека имам
аквариум, но не и риби.
И отрчав дома да проверам.
И риба имаше во аквариумот,
голема, што растела од глад.
Подизлезе со половина
тело од водата и ја отвараше устата
чекајќи храна.
Ја нахранив и таа веднаш
се породи.
Полн аквариум со мали рипчиња.
А потем отрчав во другата куќа,
во таа во којашто не живеам,
и таму го ставив цвеќето во вазна
оти не ми се допаѓаше.
(Не знае ни какво цвеќе сакам,
мислев додека го ставав во садот
со вода.)
Не е страшно, куќата ми е близу.
Кога сакам можам само да претрчам
и да гледам како полека цвеќето венее.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s