Горана Митровиќ – Исчезнување

Изгледа повторно треба да исчезнам,
да заминам на местото каде ќе се
погледнам себеси,
сѐ почесто ја прелистувам
полуиспишаната тетратка полна надеж,
истоварени стравови кои само белината
смее да ги вдоми,
отпивам од кафето со трошка
грижа на совест која ми стана зачин
последниве години низ
листата на препораки, допуштености
и забрани…
светот не е подобар,
од ден на ден времето нѐ расчовечува
суетите гушат, нападни и гласни.
понекогаш помислувам,
имам ли јас нежна (с)мисла да понудам некому?
она што ме инспирира е суптилно и скоро нечујно
го барам к’о со боринче и долго го негувам,
прво во рацете и низ мислите,
а потоа по полиците или bookmarks-ите.
сѐ почесто се конектирам со луѓе кои не сум ги запознала,
комуницираме реално, а во виртуелен свет,
можеби ме чувствуваат по суштински од вистинските околу мене,
живеам во свет во кој само врисоци виреат
а јас повеќе сакам да ми шепоти тишината,
алиса во земјата на чудата, од онаа страна на виножитото –
алегории за сопствената шеќерна приказна…
треба да отидам на местото од пред години
или она за години, за да се допрам себеси сега(шна).

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s