Иван Шопов – * * *

(според фотографија на Роберт Атанасовски)

ослободени од законите на физикатата
тргнуваме на прошетка кон небото
покрај облаците-училишта
во кои се забранети сеќавањата на земјата
а учебниците по историја
се привлечни единствено
кога кријат писменца од детска пошта
меѓу страниците исполнети
со глупави приказни
за глупави луѓе (главно мажи)

задолжителна опрема:
– фантазија
– погрешен број патики
– љубопитност
– батериска ламба (расипана)
– тропалка за одвлекување на вниманието на љубоморните богови
– застанат часовник

на враќање
несигурни во виденото
одиме на систематски преглед:

тежина: 0
висина: сантиметар повеќе од големите приказни
вид: значително подобрен – покрај спомениците, забележуваме луѓе

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s