Митко Гогов – … а требаше да биде траума од процесот

.кога системот покажува различни
елементи од оние на кои си навикнал
и наутро кога невреме те буди

биди громот што душата ја разигрува

– скриениот сончев зрак зад мрачнината на
твојот крик. не постои (не)ден во кој (не) треба
да се исправиш пред ветрот

не сме ние снајперисти
иако животот е нашата мета!

(се) убиваме (ли) со зборови
– погрешни мисли, постапки
и методи(?!)

вдахни си тревкаста роса на твоите очи

уплавот како корен од клетва пушти го
во речното корито на судните води.

во раката срцето на светот ни отчукува
и тоа сѐ повеќе боли
кога животот на еден поет
во мрежата на стравот од смртта е ставено
и не може да се ослободи,
препороди.

превеслај ги игралиштата на оние што присутни се,
а никогаш не дошле до судот на горите.

нема поплаки од оние кои на вековните стебла
оставиле прегратка и кротка мисла

не сите тешки облаци кријат бура, некои се само
божемна врнежлива проба на детското во тебе.

зборовите пишувани со крв од болка лекуваат,
од покорување – ослободуваат.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s