Николина Андова Шопова – Ништо не е твое

(песна што не е моја)

Ништо не е твое
Просторите во кои внимателно го резбаш твоето име
тревникот и ретките билки што ги чуваш и полеваш во градината
испегланата, мека кошула од која шириш мирис на бебе и на дом
ниту тие не се твои, ниту тој мирис е твој

Ништо не е твое
ни чевлите, ни креветот, ни преполниот плакар со алишта
ни кожата која ти се лити како стара, прелистувана книга
ни лажицата со која вечераш, ни човекот со кој појадуваш
ни зборовите што ги изговараш
ни тие, за среќа, не се твои

Се сеќаваш на малите, бели полжавчиња во детството
кои кога ќе ги земеше во дланката натежнуваа како да се живи
а беа само лушпи наполнети со земја?

Ништо не е твое
ни часовникот на твојата негувана рака
што ги одбројува одроните на утрата од твоето тело,
зраците, немирот, правта што исчезнува од видикот
ништо, баш ништо
ништо не е твое

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s