Владимир Лукаш – Недовршена љубовна песна (за Македонија)

Пак си далечна
будна и мртва
легната во гробница од утрински озборувања
со коса заплеткана како рајска бирократија
со прсти на кои и дрвото им завидува.

Пак си прекрасна
тажна и бучна
како фудбалска утакмица помеѓу лебот и народот
со нозе одвеани од лажни истории
со уши расплакани од срцеви пустелии.

Пак си проѕирна
светловна и уморна
како климакс на новогодишна ТВ програма
со усни вцрвенети од збунети контексти
со нос кој намирисал и подобри денови.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s