Борче Панов – Бели цветови на тишината

Измиј се себеси од себе
Белите цветови растат во тишината
Руми

спиј бебенце, спиј,
светот
повторно ќе научи да зборува
со твоите први зборови
што ќе никат со првите запчиња

мачорот
ја распредува ноќта дење,
школката помеѓу книгите
буди некое далечно море,
малиот Сократ од сапун
не знае дека и денес
како месечар на сонце
оди до крајот на реченицата

спиј бебенце, спиј,
ластовичките се капат, лебдејќи
на врвот од светлината
што се разложува со дождот
до ѕуницата врз челото твое

на другата страна од светот,
само со едно
дувнување во школката,
мега урагани
бришат мориња и домови,
и сал пустошот
на крајот од реченицата
ќе сведочи за една историја,
која не постои повеќе

пробуди се бебенце, пробуди,
дај боже, никогаш да не дознаеш
како е да се оди ко месечар
до крајот од реченицата

измиј се детенце, измиј
нѐ од себе со сапунчето
што знае дека не знаеш
колкупати те доведовме
до крајот на еден свет,
светот што заборава дека

белите цветови
растат во тишината

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s