Оливера Доцевска – Епитаф

Гледав како умира мојот град.

Слушав во ноќите како тишината
ги обзема улиците без работнички чекори.

Миризбата на свеж тутун од монопол
година по година чувствував како избледуваше.
Каросеријата на автобусите, како и градот, рѓосуваше.

Гледав како умира мојот град.

Болеше како кога чевлите не ги носат
дваесет и два милиони и гледав како новата конфекција,
станува триесетгодишна, изветвена, попат.

Железата и цевките не градеа веќе низ Светот, Мостови.
Гледав како го убиваат.
Како беспомошно дете, психопат.

Гледав како умира, гледав. Мојот град.
Со љубовта го убија.
На децата кои од безгрижни мали срца, станаа
уништени срца од инфаркт.

Остана за фабрики, работници, смеа,
Без живот сакат.
Како хендикепираните умови на оние кои го убиваа.

Гледав како умре мојот град.

Исто како луѓето, покосен од мозочен удар и инфаркт,
умре мојот град, од глад.

Вечерва , на пустите празни улици, ми недостига,
миризбата на среќа, ми недостига, Мојот град.

Вечерва, го напишав неговиот епитаф.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s