Ратка Колева Дамњановиќ – Седум милијарди за промена

Дали мојот мобилен знае каде ми се изгубија очилата?
Чекај, да ја прашам Сири, каде последен пат читав вести
на интернет и која боја ми се очите
ѝ кажав, како на сестра, асолно,
Сири, знам дека знаеш сé, ама сфати,
стари вести се тоа, прастари, пак некаде ќе излета
воз од шини, или некоја црква до земја ќе се сравни,
сонцето ќе продолжи да заоѓа на Запад
ако мислиш си ми кажала нешто ново,
или ако мислиш си дознала нешто преку мојот џеб, се лажеш.
Јас сум само една точка или прашалник,
еден мал извичник од седумте со девет нули,
Не! Исправка- седум и пол се веќе,
Сто илјади новородени денес, а само третина впокоени
Многу нели, а малку….
Додека јадеме лук и вода, ајверот друг ни го мачка на леб
А ние упорно тилот да си го видиме, па сол во очите да одимаме.
А до тогаш – три аршина ќе се малку и троа трошки
и вошки кај оќелавените, вошкосани, бедни…
та ни вошката не иде сама, крв да пие кандисана,
вошката кај вошка оди, гниди црни накотени
да цицаат живо бѝло, а бѝлото има дно?
Да црпиш а да не долеваш. Има ли? Ајде, тоа кажи!

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s