Томе Таушанов – Ариец

Твоите движења
се стрвни, енергични, брзи,
гладни за хаос
кој би довел сè во ред
твоите мисли се јасни
едноставни – чисти:
„ Да опстане мора –
една раса – еден свет.“
…Оружје ти е погледот
остар и јасен,
од кој запира здивот
во секој човеков створ,
се гушат во страв –
без надеж за живот,
оние кои не се
дел од твојо сон.
Затоа…
под чекорите твои
одлучни – цврсти
крцкаат коски
искршени од бој,
оставаат траги
крвави – влажни,
натопени од жртвите
млитави – слаби.
– Да живее!!!
– Ave!!! –
поздравот вечен
зад тебе ечи
со подземен тон
– Да живее!!!
– Ave!!! –
пред тебе се раѓа
светот твој ветен,
светот – чист, силен,
твојот единствен сон.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s