Жаклина Филипова-Свеќаровска – Далечни градови

Асфалтот на улиците во некои далечни градови
има распукнато од копнеж по моите чекори.
Некаде требало да оставам трага од штикла
врз летната жега, отпечаток од усни на работ од чаша
некаква трага, било каква,
некоја дамка од пенкало, или од вино
врз чаршавот на масата во некоја мала кафана
Некаде, во некои градови во кои не се имам случено
зјае празнината во која ме нема
како што во мене зјае празнината во која сум, а не сум
оти ништо не е што треба да биде
Некаде, место парче завеса наплукано од мувите
истото парче платно
можело да биде лелеав фустан за танцување
Некаде, таму, под некој свод од вистинско небо
со вистинска река во која што се огледува
можело вистински да постојам, да вдишувам и издишувам
неомеѓена со туѓите и со своите фрустрации,
ненагризана од ‘рѓата ниски страсти
што до грлото го накреваат сомневањето
во привилегијата да се биде човек.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s