Петар Сарџоски – Еј животе!

Еј животе – ти кревка нишко од самотни воздишки…
ти тајно сокриена зад секој мал здив…
колку ли ќе трае твојата слатка агонија
кога незнајни исчезнуваме пред налетот на времето…
бран по бран… тивки неискажани…

Ќе дишам – еј животе – а ти од здивот ми соткај песна…
ќе милувам – еј животе – а ти со допиров ми извајај љубов…
ќе засвирам – еј животе – по кавалов ми трнлив сè дур боботи
срцево
сè дур не ја исцедам и последната капка крв…
а ти од појот разви плашт за душава гола да со него ја покријам
земјицата црна…
и таму ги шепнам сите слатки тајни чувани ко азно најголемо…

Запеј животе за љубовта оти времето те коси… колку и да боли!

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s