Митко Гогов – видиков прелом

(кажи ми, ги чуваш ли случајно искинатите страници од
омилените книги?)

беше име или состојба на нешто…

.полека ги препишувам
избледените тетоважи
скриени од внатрешната страна на
кожата.

пропаднати љубови или хиреоглифи
од претходните животи,
ме болат пред невреме,
прават да ме вртат коските
како да најавуваат дожд
од мирно небо.

ги дигитализирам неслучените
одлуки, ставам печат на непотпишаните
договори со смртта,
го избегнувам нострифицирањето на тестаментот
во кој сакам да отпишам сѐ што
во континуитет ми создава срцебол.

ги убиваме ли убавите мисли
со сулфурна киселина или нежно врз нив
нанесуваме шампон против вошки?

историјата се чешла сама од себе,
куќите одамна напуштени сами ќе изгорат
од сонцето.

не бевме мирни дури и тогаш
кога на улица знаевме дека нема да не пронајдат
додека играме мижитатара,
уште помалку додека го чекавме почетокот на омилениот
филм седнати во скутот на нашите баби или
дедовци.

не постои поголем хард диск од душата,
фолдерите со хировите ги зипуваме со

лажно име, не за да не ги отвори некој друг
и да не разоткрие

туку и самите да ги заборавиме.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s