Митко Гогов – видиков прелом

ги дигитализирам неслучените
одлуки, ставам печат на непотпишаните
договори со смртта,
го избегнувам нострифицирањето на тестаментот
во кој сакам да отпишам сѐ што
во континуитет ми создава срцебол. Continue reading

Advertisements

Петар Сарџоски – Еј животе!

Еј животе – ти кревка нишко од самотни воздишки…
ти тајно сокриена зад секој мал здив…
колку ли ќе трае твојата слатка агонија
кога незнајни исчезнуваме пред налетот на времето… Continue reading

Ратка Колева Дамњановиќ – Седум милијарди за промена

Дали мојот мобилен знае каде ми се изгубија очилата?
Чекај, да ја прашам Сири, каде последен пат читав вести
на интернет и која боја ми се очите Continue reading

Немања Стојковиќ Блеки – Утрото подоцна

Градот мириса на вештачки трепки
и прегазени срца
Мамурлак и контрацепциски апчиња
Спијат татините витези
и мамините принцези Continue reading

Томе Таушанов – Ариец

Твоите движења
се стрвни, енергични, брзи,
гладни за хаос
кој би довел сè во ред
твоите мисли се јасни
едноставни – чисти:
„ Да опстане мора –
една раса – еден свет.“ Continue reading

Тања Кармзова Костиглиола – Конзерви од човечност

На сталажите,
древни, покриени со мов,
малку ‘рѓосани,
на места олабавени,
со цимол барајќи подмачкување
ги редам теглите зимница – Continue reading