Д.А. Лори – Небо во време на тапост

Сите навидум различни неба,
едни во време на спокој и мир,
други во невреме; војна и смрт,
сите тие навидум различни неба
се едно исто, заедничко небо,
свиснато над нашата радост или болка; Continue reading

Катерина Гогова – Деноноќие

Замавнува денот тежок од остра и дволична плима,
црвена надеж го сече хоризонтот.
Пазарно утро за ефтини емоции,
еден по еден се растоваруваат соништата,
во сите торби мижуркаат желби и недотраени болки. Continue reading