Д.А. Лори – Небо во време на тапост

Сите навидум различни неба,
едни во време на спокој и мир,
други во невреме; војна и смрт,
сите тие навидум различни неба
се едно исто, заедничко небо,
свиснато над нашата радост или болка; Continue reading

Дејан Крстески – Се менувам

Во далечина одекнува одата на радоста,
толпа луѓе како мравки се движат,
како да изгубиле правец,
како да немаат друга цел освен неред да создадат. Continue reading

Љубица Шопова – Време за одмор

За време на попладневната дремка
еден првоодделенец ја сонува матурската забава.
Разбудениот старец пред тв екранот
со анимирани филмови се враќа во јасли. Continue reading

Александар Митовски

Оптимистичко ДОЦНА

Па можеме и да се расприкажеме
зашто одбирам вака да ви молчам и
што ме тера да се исповедам пред вас.
Рекле: тишината тоа ќе го рече.

Можеме и со рацете и знаците
на патот да си ги кажеме маките:
оглувевме за Другиот; а појдовме
да се провозиме, радиото трешти.

И стравот ме обљубува кога гледам
дека едвај и со продавачите се
разбираме, а од уста не се двои
твојта клетва да се осознаеме и

кога лаат муцки и кога умот дреме –
но зар на ова место, зар во ова време?