Петар Сарџоски – Еј животе!

Еј животе – ти кревка нишко од самотни воздишки…
ти тајно сокриена зад секој мал здив…
колку ли ќе трае твојата слатка агонија
кога незнајни исчезнуваме пред налетот на времето… Continue reading

Advertisements

Катерина Диманова – Живеат пустините во нашите души

Секојдневно во себе умираме повеќе пати
како пристаништа кои ги оддалечиле
своите бродови од себе со насмевката на ветрот. Continue reading

Бојана Коштрева – Промени

И што сега!?
Каде го чувате тоа време што лечи рани?
Јас знам за време во кое се примаат удари од сите страни!
Конфузни лица, замислени, во глава носат пусти сонови,
носат актовки полни идеи, туѓи прашања, лажни одговори. Continue reading

Даниел Карески

Правила на животот

Последните звуци од гитарата,
Крајниот аплауз за публиката,
Фрлањето стапчиња за поздрав,
Последниот чад од цигарата пред откажување,
Алкохолот на дното од чашата,
Љубовта на дното од душата,
Мигот на тишината после бакнеж,
Солзата што на образ догорува,
Распродадената книга,
Успешно завршената задача,
Крајот на викендот без обврски,
Последното ниво на апстракноста,
Капката дрога до предозирање,
Нештата на напуштената бензиска,
Единствената боја на виножитото,
Одљубувањето на прељубникот,
Воздишките после чинот на љубов,
Изгризените корупки од лимончиња,
Последните зборови од муабетот,
Нотите што го градат крајот на песната,
Сонцето кое заоѓа,
Последниот очаен потег
пред крајот на играта,
Истото сонце кое го убива сонот,
Патувањето кое те враќа дома,
Последната изедена коцка

од омиленото чоколадо со рум,

Мирисот кој бледнее во нашите мисли,
Крајот на танцот со личноста што
Толку многу не сакаш да ја испуштиш,
За секунда пропуштениот краен рок,
Последниот здив пред новиот почеток

Кој сам си го ветил,

Мигот кога токму твојата песна

ја побарал друг,

Интересниот дел по раскинувањето,
Залудните извинувања по смирувањето,
Нештата што почнале чудно,
А ти донесле толку среќа и
Сфаќањето дека она што цел живот
Си го чекал или сакал, најверојатно
Не вредело да биде чекано или сакано
Се само мигови кои прават
Да сакаш да постои барем уште еден крај,

Веднаш после последниот.