Иван Шопов – * * *

ослободени од законите на физикатата
тргнуваме на прошетка кон небото
покрај облаците-училишта
во кои се забранети сеќавањата на земјата
а учебниците по историја
се привлечни единствено
кога кријат писменца од детска пошта
меѓу страниците исполнети
со глупави приказни
за глупави луѓе (главно мажи) Continue reading