Објавени конкурсите на #100TPC – Македонија за 2016 година

100 илјади поети за промена ги распишува двата официјални конкурси од кои едниот за поезија, а другиот за изработка на постер/ плакат кој ќе биде застапен на групната изложба која е дел од самата манифестација Continue reading

Објавени конкурсите на #100TPC – Македонија за 2015 година

Здраво пријатели на манифестацијата која е дел од глобалното движење „100 Илјади поети за промена“. Сакаме да ве поканиме оваа јубилејна петта година по ред да ја прославиме заедно. Што велите? 🙂 Continue reading

Македонија ќе учествува на првата светска конференција на 100 Илјади поети за промена во Италија

Во периодот од 3ти до 8ми јуни во Салерно, Италија ќе се одржи првата светска поетска конференција на 100 Илјади поети за промена (100 Thousand Poets for Change). Continue reading

Една убава светска приказна

Неодамна добивме mail од главниот организатор на оваа меѓународна манифестација Мајкл Ротенберг дали би можеле да искористат еден од постерите испратени изминатава година на нашиот конкурс да биде искористен како идејно решение за настан кој ќе се организира во некоја … Continue reading

Поети за Промена, Струмица 2013

На 28 септември, 2013 година, сабота, во Струмица, Македонија ќе се оддржи третата по ред манифестација „100 000 Поети за Промена“,настан кој е дел од глобалната манифестација 100 Thousand Poets for Change, меѓународна манифестација која годишно се оддржува во повеќе од 100 држави.

Mitko header 100 iljadi poeti

Манифестацијата има за цел да се шири и да ги мобилизира сите поети ширум светот, а досега во Македонија се вклучуваат сите оние кои сакаат и имаат волја да бидат промената која сакаат да ја видат во светот или најмалку во/ околу себе.

Темите кои се најчеста инспирација за авторите и поетите вклучени во ова движење обработуваат содржини од општествениот и социјален живот, мирот, одржливоста, природните ресурси, заштита на планетата Земја. Проблемите поврзани со глобалното затоплување, природните промени, со содржината на ранливите групи, желбата за поубав свет и подобро утре!

Преку овој проект ќе се согледа дали поезијата и пишаниот збор се доволно моќни да направат позитивна промена во државата, промена во начинот на размислување, односот на луѓето, обидот да се инспирираат и мотивираат луѓето за барем минимална промена. Да се промени гледиштето на светот со зборови, мисли, активистичка поезија, социјална, општествена опсервација на моментални состојби на умот и телото, размислувања и разговори со самите себе, внатрешни промени наспроти големата слика.

Струмица е веќе трет пат дел од ова глобално движење кое служи за подигање на свеста кај граѓаните за секојдневните проблеми со кои се соочуваме секојдневно, поети имаат единствена можност преку сопствената ангажирана поезија да проговорат за сите овие проблеми. Стиховите ослободуваат посебно кога во нив имаат силна порака!

Се гледаме наскоро со активности кои ќе го промовираат ова движење и нашата заедничка мисија! 100 000 Поети за Промена, Струмица 2013 може да започне!

p.s. се надевам(е) Ви се допаѓа нашиот блог ~