Даниел Карески – Sehnsucht

Деновиве влегувам во себе
каде мириса на рането животинче
полиено со пиво. Играм според правилата
и губам се за малку
заради човечката глупавост
што од некои обични денови
прави тупа дождлива недела.
Continue reading

Advertisements

Стефчо Стефанов – Аџамија – Ежење

Ајде сега и ти и јас, да направиме нешто ново!
Ајде да започнеме.
Ајде да започнеме да зборуваме.
Ајде да започнеме да зборуваме преку ежење. Continue reading

Сузана Мицева – По триста години

Еден ден ќе се променат
и картите и играчите и играта.
Се’ ќе отиде по ѓаволите
и нашето јадосување ќе биде бадијала.
Она што треба да се види меѓу нас,
ќе се појави еден таков јасен ден,
и можеби ќе бидеме сведоци на магија,
а може и не. Continue reading

4 години заедно – 100 Илјади поети за промена

Настанот е дел од глобалното движење во кое се вклучени бројни уметници и интелектуалци од над 100 држави во светот. Continue reading

100 Илјади поети за промена vol. IV

Четврто издание на манифестацијата „100 Илјади поети за промена“, Струмица 2014 година Во сабота, 27 септември 2014 година, во Струмица ќе се реализира четвртата по ред манифестација „100 Илјади поети за промена“. Ова е настан кој е дел од глобалната … Continue reading

Оливер Серафимовски

Искрено

Летнаа покрај мене
Зборови
Кои не ги разбрав
За кои немав мудар одговор
Освен да им довикнам
Најсилно
ЕС ЕТИБЕ
Да и најискрено тоа го мислев
ЕС ЕТИБЕ
ДА
ЕС ЕТИБЕ
Остана само да ми одѕвонува
Мојот глас
Заедно со она што најискрено го мислев
ЕС ЕТИБЕ
ДА
ЕС ЕТИБЕ

Емрах Реџепи

Нешто

Нешто не е во ред со нашите глави.
Чудни сме. Тотално луди, а сепак рационални.
Баш тоа што фали во вукојебинава, ако ме прашаш мене.
И убаво ни е. Башка тоа е и најважното.
Али нешто дефинитивно не е во ред.
Барем у смисла на редот кој ги опресира ретардите.
Тие. Тие што се тажни, и се лажат себеcи.
Ама ако. Нели.
Нешто можеби не е во ред, ама е прекрасно.
Како ти, прекрасна девојко.
Како ти, душо прекрасна со насмевка магична
Ама нешто редот се тресе. Колабира, знаеш.
Полека се се менува, и тоа на подобро.
Затоа што љубовта е таа што ги носи промените.
Тие вистинските. Правилните.
Баш тие кои секој потсвесно ги посакува,
само што многу не знаат дека тоа воопшто е можно.
Ама нешто многу е надвор од некојси ред.
И сваќам дека редот им треба на луѓето.
На луѓе со слаб ум.
Ред кој ги исполнува, оти самите не се во можност
Да создадат нешто што ќе го постигне тоа
Луѓе кои дури и го бранат тој ред
Оти само така добиваат чувство дека се вклучени
Ама редот си е ред.
Закон и ред.
Серија која ја гледав,
И често , редот се состоеше од заштитата на индивидуалните права
Тие права, човековите, кои иако сите сме луѓе
Никако сите да ги разбереме и интерпретираме човечки
Ама нешто ми вели
Не знам што. Ама нешто ми збори
Нешто ми вика дека вукојебинава ќе ја биде
Ова црна дупка која романтично ја викаат сина планета,
Целата ќе ја биде
Оти нешто ми вели дека љубовта секогаш ќе надвладее
Разбирливоста
Да, баш таа разбирливост поради која сите мачтееме
Која е предиспозиција за некаков си ред кој ги труе ретардиве
Која всушност е лажна во нивниот случај
Но таа чистата ќе дојде
Оти ќе е комбинација со љубов
Оти ќе е продукт на чисти чувства
Ќе ја биде ова, да.
Нешто ми вели.

Давор Стојановски

Импровизирани часови

Потребна е храброст да ја извадиш
маската во античкиот хор и да станеш
еден од ликовите на трагедијата.

Инаку ќе потонеш во едноличност.

За да имаш свој глас, иако е стих
напишан од демиург што не го ни познаваш,
потребна е решеност да ја заслужиш смртта.

На крајот од нас останува удар.

Ние сме одминат звук,
пулс што одекнува на топла перница,
населуваме мала вселена од мечти
и се молиме да се сетиме.

Потребно е само да знаеме
да научиме како да мразиме
додека звукот полека престанува да звучи.

Вечноста е конструкт. Друго небо треба да населиме.
Да вежбаме постоење.

Научи да ја играш сам сопствената претстава.
Излези од хорот. Слечи ја маската.
Импровизирај го текстот. Не мери го времето со живот.
Така ќе се пресретнеш себеси.

За да те запознае,
некој треба да го притисне увото за најбезличниот
предмет.

И ќе те чуе.

Не зборуваме ниеден јазик.
Не населуваме време.
Можеби сме умрениот Господ

зашто и онака премногу живееме веќе.

Мартин Богатиноски

Вжарени јазли

Кога го зачекорив дрвениот праг,
од вратата која ме потсетува дека сум жив,
во црвливата пукнатина видов,
скриен бел лист.
Со љубовен печат од црвени усни,
се разлева црвенило по рабовите,
само колку да се затвори,
да се заштити од црвливиот здив.

Отишла мојата љубов,
таа веќе пред мене го зачекорила дрвениот праг,
со тешките куфери полни со јад,
го размрдала скапаното дрво,
да мириса, да смрди, како расипан заб.

Оди, убавице моја,
барај љубов во посветол крај,
овој дом црви го јадат, скапан е веќе,
ти не трпиш парфем на вечен мрак.

Во светлоста, таму,
ѓаволите оганот го ложат,
со такви како мене,
сурови и безнадежни дрва.

Оди, убавице моја,
греј ја душичката твоја,
со јазлите на пламенот црвен,
пламен, од коските и крвта моја.

Трет пат во Струмица

Пред извесно време го добивме видеото за манифестација „100 000 Поети за промена“ која оваа година треба да се случи по трет пат во Струмица. Доколку сакате да ги погледнете видеата од претходните години може тоа да го направите овде. … Continue reading