Ана Голејшка – Љубов

љубов, првото легло
ми беше топло, мајка ми
среде жега ме носеше
татко ми милно ми зборуваше
папочната врвка е конопот
со кој ги врзав сите спомени
и ме донесоа на свет со
потајна желба да сум момче
не знаат – јас и момче и Continue reading

Оливера Доцевска – За слободата или песна која не е песна

Се роди и започна да се
запишува на празната хартија,
низ денешнината песна која не е песна.
Посака да почне од почеток,
да излезе од клишеата на залудно читање,
за да одекне громогласно силно она од зад срцето. Continue reading

Стефчо Стефанов – Аџамија – Ежење

Ајде сега и ти и јас, да направиме нешто ново!
Ајде да започнеме.
Ајде да започнеме да зборуваме.
Ајде да започнеме да зборуваме преку ежење. Continue reading

Исток Улчар – Молох

Ни ги претвора срцата во фабрики
чии оџаци излегуваат низ нашите уши.
Нашите домови се исполнуваат со чад,
а течните хемиски отпадоци
се леат во нашите бубрези. Continue reading

Драгана Евтимова – Неочекувани доаѓања

Неочекуваните доаѓања ја исполнуваат празнината.
Ноќта ги проголтува сомнежите.
Градот се претвора во бесмислена точка што кружи во бесконечноста.
Continue reading

Јовица Ивановски – Се изгубивме

Се изгубивме
во преводот на македонски,
во сè што одбиваме да сфатиме
и тврдиме дека е непреводливо,
во минувалиштата на минливоста,
во просторот стуткан во тесен поглед,
во лажното минато и во слепата иднина,
во времето кое не е од ова време. Continue reading