Биљана Стојановска – * * *

Го прашав татко ми на сон
како успеавме толку да се
одалечиме.
Не ми одговори, само ми
подари цвеќе
и остро ме прекори дека
одамна ги немам
нахрането рибите. Continue reading

Митко Гогов – … а требаше да биде траума од процесот

вдахни си тревкаста роса на твоите очи

уплавот како корен од клетва пушти го
во речното корито на судните води.

во раката срцето на светот ни отчукува
и тоа сѐ повеќе боли Continue reading

Николина Андова Шопова – Ништо не е твое

Ништо не е твое
Просторите во кои внимателно го резбаш твоето име
тревникот и ретките билки што ги чуваш и полеваш во градината
испегланата, мека кошула од која шириш мирис на бебе и на дом
ниту тие не се твои, ниту тој мирис е твој Continue reading

Исток Улчар – Прогонство на бубачките

Ги поплавуваме осилата во
огништето наречено Ваташа.

Ги опожаруваме мравјалниците во Осломеј
кој блика во натприродна екстаза.

Ги опостушуваме пајажините во Крстовар
кој со факел го бевме крунисале. Continue reading

Пере Ристески – Бојата на каменот

првиот утрински сончев здрач
ја објаснува бојата на каменот втиснат
меѓу бескрајниот мал свет и неговиот дом
лежиште седиште тежиште кон истрајноста
кон долготрајноста Continue reading

Михајло Свидерски – Век XXI

Со хидрогенски бомби
се држат во бунило
сите потчинети живи суштества
им се закануваат со нови вируси секоја година
и со најновата откриена вакцина
со најдобрите медикаменти
со глобално затоплување
преговарање, договарање под принуда, под изнуда
закани и казни, со една светска влада
и многу подвладари, роботика
беспилотни летала, безброј сателити
вградување чипови, со разно- разни болести
од оние на умот
до тие на крвта. Continue reading

Стефан Марковски – Летот на црниот славеј

Те впива аловото небо испразнето за твојот лет
од облаците што од есенски сни го будат дождот;
Твојот лет е за бронзената месечина
хипнотички транс Continue reading

Стефчо Стефанов – Аџамија – Ежење

Ајде сега и ти и јас, да направиме нешто ново!
Ајде да започнеме.
Ајде да започнеме да зборуваме.
Ајде да започнеме да зборуваме преку ежење. Continue reading

Венци Трајков – Не се срамам да исчистам

Да бе, јас сум машко и не се срамам да исчистам!
И не се срамам да земам крпа и срецтво за чистење
Не се срамам!
И најпрво ќе ти влезам в глава
За да ти ги исчистам сите зборови од минато шо ти се наложиле по ѕидовите на мозокот
зборови од секакви дебили шо те лажеле
додека наивно си им верувала Continue reading

Исток Улчар – Молох

Ни ги претвора срцата во фабрики
чии оџаци излегуваат низ нашите уши.
Нашите домови се исполнуваат со чад,
а течните хемиски отпадоци
се леат во нашите бубрези. Continue reading