Томе Таушанов – Ариец

Твоите движења
се стрвни, енергични, брзи,
гладни за хаос
кој би довел сè во ред
твоите мисли се јасни
едноставни – чисти:
„ Да опстане мора –
една раса – еден свет.“ Continue reading

Advertisements

Борче Панов – Бели цветови на тишината

мачорот
ја распредува ноќта дење,
школката помеѓу книгите
буди некое далечно море,
малиот Сократ од сапун
не знае дека и денес
како месечар на сонце
оди до крајот на реченицата Continue reading

Бојана Коштрева – Промени

И што сега!?
Каде го чувате тоа време што лечи рани?
Јас знам за време во кое се примаат удари од сите страни!
Конфузни лица, замислени, во глава носат пусти сонови,
носат актовки полни идеи, туѓи прашања, лажни одговори. Continue reading