Катерина Панов Кожаров – Нечиста крв

Кога ќе размисли човек
колку само е совршено смислена казната со нечистата крв:
да се продолжи страдањето фатен во привидна хедонистичка стапица дур го создаваш новиот Сизиф! Continue reading

Advertisements

Ѓоко Здравески – [војници]

многу е просто: во тој спроти себе
би пукал ли, иако првпат во животот
го гледаш, само затоа што некој одозгора
ви рекол дека сте си душмани? Continue reading

Тихомир Јанчовски – Страст за револуција

И мене, како и сите,
деновиве ме фаќа
страст за револуција
желба да го оправам
светот на поарно…
И јас, како и сите,
во таа желба забегувам Continue reading

Петар М. Петковски – Човек

Кога ќе ја погазеш својата чест,
кога ќе почуствуваш омраза,
кога ќе искусиш отуѓување,
кога светот ќе ти се сруши,
кога ќе останеш сам,
кога надежта на овој век ќе ти постане фарса,
кога од уништеноста не да можеш да почуствуваш ниту една страст,
кога сите вести ќе згаснат со својата минливост, Continue reading

Тања Кармзова Костиглиола – Примирје

На тркалезна маса од абоносово дрво
седеа демократијата и диктатурата.
Играа карти.
До нив, религијата и атеизмот.
Си налеваа чај од кантарион.
Им се придружија љубовта и презирот.
Презентираа наочари. Continue reading