За #100TPC

Дали сакате да се приклучите на многу други поети, музичари, пантомимичари, танчери, фотографи, уметници од целиот свет во демонстрациите / прославата на поезијата која има за цел да промовира сериозни социјални, еколошки и политички промени?

100tpco13

100 Thousand Poets for Change –  Macedonia

„100 Thousand Poets for Change” – 100 илјади поети за промена е манифестација која е збир на  стотици индивидуални настани кои се случуваат истовремено секоја година во многу градови ширум светот.

28 септември е глобалниот ден на манифестацијата 100 илјади поети за промени, за оваа 2013 година! http:/www.100TPC.org

“За каков вид на промени зборуваме?”

Најпрво зборуваме за промената која е важна за поетите, писателите, уметниците, за сите кои всушност сакаат да создаваат заедно, да се едуцираат и да покажат, истовремено, на другите заедници од целиот свет едно збратимување, обединување, за една силна кауза која треба да биде тема се почесто. Ова ќе го промени начинот како ние ја перцепираме нашата локална заедница, но и глобалната заедница. Сите ние постепено стануваме отуѓени едни од други, се оддалечуваме во последниве неколку години, забораваме на она што не прави луѓе, на она што не поврзува. Ги забораваме нашите соседи, а се поретко се информираме што креираат нашите сојузници кои живеат и создаваат во други земји.

Ние треба да го зајакнеме ова чувство на глобална солидарност. Тоа ќе ни помогне да бидеме похумани и пореализирани!

Се разбира, тука се и политичките / општествени промени за кои многумина од нас зборуваат денови. Има проблеми во светот. Војни, геноциди, екоциди, недостатокот од медицинска нега, расизам, листата можеме да ја продолжиме до бескрај.

Оваа желба за позитивна трансформацијата и градење на поодржлив свет е носечки елемент на овој настан, големата загриженост е глобален водечки принцип за овој настан. Мирот, исто така, но не оној мир кој ни е познат теоретски,оној за кој сонуваме, туку оној за кој ние се трудиме да го создадеме. Војната не е убава. Убивањето, омразата, непочитувањето. Постои огромна потреба кај луѓето да се движиме напред како цивилизација, да престанеме да се движиме наназад. Но, овој настан се обидува целата оваа тема да не е поставена догматски. Оваа манифестација ја има надежта дека сите заедно можеме да ги развиваме нашите идеи за “промена / трансформација” и ние сме во потрага за подобри решенија како група, додека секоја заедница/ група одлучува за својата специфична област на фокус и за нивниот конкретен настан.

Ваков тип на настани се случуваат насекаде низ Балканот, како Србија, Хрватска, Бугарија, вклучувајќи ја и Македонија. Еден од предвидените настани е планиран да се случи во Струмица, трет пат по ред, на 28 септември, сабота, 2013 година.

Идејата е да се направат поетски рецитали и мултимедијални, перформативни настапи што само по себе подразбира најразлично претставување на авторска поезија на поети од сите генерации. Самиот настан има мото „поетите за промена“ и во тој аспект поетите ќе имаат можност да направат минимална промена на свеста на општеството во кое живееме. Преку поезија можноста да се анализираат и презентираат локалните и глобалните проблеми, смртта, животот, човековите права, емоциите, неправдата… Со овој проект целта е да се види дали поезијата и пишаниот збор се доволно силни/ моќни да направат позитивна промена во државата, промена во начинот на размислување, односот на луѓето, обидот да се инспирираат и мотивираат луѓето за барем минимална промена…

Песните кои ќе пристигнат, освен што ќе бидат читани јавно на денот на глобалниот настан, ќе бидат качени на официјалната страница на овој настан http://www.100tpc.org/ како и на блоговите кои се направени специјално за оваа манифестација. Овде ќе можат да се качат сите фотографии, видеа и поезија која ќе биде достапна за потребите на организаторот.

После официјалното завршување на настанот [28 Септември] целата документација од ракописите ќе биде архивирана во Stanford University во Калифорнија во рамките на дигиталната програма за архивирање LOCKSS
http://lockss.stanford.edu/lockss/Home

untitled

 

.. да го промениме светогледот со зборови, мисли… активистичка поезија, социјална, општествена опсервација на моментални состојби на умот и телото, размисли и разговори со самите себе, внатрешни промени наспроти големата слика.

Leave a comment