Суе Жу – Река (Кина)

Те создале дождови и снегови што паѓаат озгора
Те контролираат небото и ветрот

Многу времиња, многу средби
По твојот неизбежен пат, конечно исчезнуваш во океанот
откако дозна што може да биде широчината на животот

Рибите сноват низ бистриот поток
Течеш нежно од мирни води кон груби бранови

На крајот, ќе си како лосос
Кој копнее да се врати на зачетокот на животот.

Превод од англиски: Александра Спасеска

Leave a comment