Кавадарци – Поети за промена vol.I

На 11 Август, ден сабота во Кавадарци се одржа првото warm up читање – Поети за промена. Ова поетско читање е едно од неколкуте планирани за периодов кои имаат за цел да ја подигнат свеста меѓу граѓаните за сите глобални, регионални, локални проблеми.

Paun zgolemena lokacija(1)

Субатомска комбинаторика, ѕвездени честички*, некои се палат на љубов, други на тага, трети на сонцето, а некои на месечината. Има и такви кои се бунтуваат, се револтираат, коригираат гласно со мислите, размислуваат силно. .. го движат бродот право. Во една таква автентична ноќ се роди и идеата за овој настан.

Истражувањето на креативниот дух, слободата на душата и мислата исковани под чеканот на зборот!

Настанот е песна, а поетите стихови, венецот на нашите споени раце образува поетска творба: рака за рака, стих за стих, го водиме орото на поезијата. Кога поетот од Месечината би фрлил поглед на светот, би видел 100.000 поети за промена во кружен танц околу Земјата, образувајќи го дервишкиот транс од убавината на неовоземното. Да бидеме промената што сакаме да ја видиме, да размислуваме глобално, а да дејствуваме локално, творечките патувања формираат сцена!

Самата идеја на оваа глобална манифестација, која оваа година треба да се случи по втор пат на 29 Септември во Струмица и уште неколку стотини градови во светот е да ги обедини сите оние почитувачи на пишаниот збор и желбата за позитивни промени во средината во која живеат. Знаеме дека поезијата како и зборот во основата отвараат железни врати, така беше и овој пат. Кавадарчани на чело со Вероника Костадинова, Светлана Митрева, Надица Тренчева и другите локални поети беа домаќини на ова прво издание за оваа година и со тоа се мапираа на светската карта на ова движење.

Како што нагласува и самиот иницијатор на оваа акција, Мајкл Ротенберг, кој е американски поет, кант-автор и уредник на книжевното списание Bigbridge.org, општите тематски рамки се глобалниот мир и одржливост, додека основните карактеристики на акцијата се децентрализираноста и инклузивноста, додава локалниот иницијатор и организатор Митко Гогов.

Настанот започнува во 19 часот, а кавадаречката публика ќе може да се дружи со поетите:
Вероника Костадинова, Надица Тренчева, Митко Гогов, Светлана Митрева, Милка Миндева, Цветанка Колева, Марјан Тодоровски, Александра Ристова…

Светлана Светле Митрева: Ми претставуваше посебно задоволство и чест да учествувам на овој настан, со мојот пишан збор да бидам еден од учесниците на 100 000 поетти за промена. Се надевам дека и следните години ќе ја имам истата прилика,а воедно и да запознаам лично на овој начин прекрасни луѓе како што е и самиот организатор во Македонија Митко Гогов.

Leave a comment