Наталија Недјалкова – Кога брановите ја читаат безгласната книга (Бугарија)

Врвиш крај брегот,
си ги полниш обувките со песок и со рими.
Во потрага по нова убава метафора
го газиш седефниот килим од корупки.
Со „ѓаволскиот нокт“ исфрлен на суво,
поостар од стилус и од гусје перо,
се обидуваш да напишеш нова творба,
миг пред да ја прочитаат брановите.

Некаде таму –
меѓу редовите ракови и меѓу нив,
дискретно проблеснуваат
стакленце од шише (со немо послание)
и вистинска перла:
двајца бродоломници на ненаселен остров.

Превод од бугарски: Санде Стојчевски

Leave a comment