Рима Аљбертовна Артемјева – Самотијата има проѕирни очи (Казахстан)

Самотијата има проѕирни очи…
Празни мелодии светат во нив,
Уморна солза тивко се точи –
По ледените раце што не сетиле допир
И стареат ко огледала што станале плочи…
Ветувањата, тоа суво лисје што се рони,
Крцкаат под нозе, чекорот ги толчи,
Белеат душите што не нашле сродни
Врз нив снег лежи и времето молчи.
По ледените раце што не сетиле допир
Уморна солза тивко се точи –
Празни мелодии светат во нив,
Самотијата има проѕирни очи…

Самотијата има проѕирни очи…
Празни мелодии светат во нив,
Уморна солза тивко се точи –
По ледените раце што не сетиле допир
Врз нив снег лежи и времето молчи.
Белеат душите што не нашле сродни
Крцкаат под нозе, чекорот ги толчи,
Ветувањата, тоа суво лисје што се рони,
И стареат ко огледала што станале плочи…
По ледените раце што не сетиле допир
Уморна солза тивко се точи –
Празни мелодии светат во нив,
Самотијата има проѕирни очи…

Превод на македонски: Андреј Јованчевски

Leave a comment