Петрос Голицис – Едно тело по друго (Грција)

Секое од моите тела ме остава жив
да го чекам следното
тело
пеам
во време-простор
на секоја попатна станица
во светлината противтежа
на темнината толку црна што се пени
„дал си млаз
што распарува со молња?“
„дал си дух
вкалемен во чудо?“
и сега се вовлекувам во зборови за мене незнајни
и постојано променливи.

Цвето-семена-вагина

што мене ми се отвори
и сега лебдам во твоите сокови пливам
се држам
за она малку време што ми е дадено
се држам за твоето месо
за движењето на вилицата
што ги распорува елените
и ги врти ѕвездите
и ќе ме исцедиш ли од моите сокови
или мојата пот
на смртната ми постела?
од рацете ме откина со еден потег
како новороденче во мојата смрт.

Превод од англиски: Александра Спасеска

Leave a comment