Со поезија против полициска бруталност во @АКСЦ

Само пред два дена во организација на 100 Илјади поети за промена – Струмица, Македонија во Автономниот Културно Социјален Центар (АКСЦ) во Скопје слушнавме за полициската бруталност во Македонија и светот. Гостите Мајкл Ротенберг и Тери Керион, поети и граѓански активисти, основачи на глобалното движење 100 Илјади поети за промена од Калифорнија, САД, пред заинтересираните проговорија за проблемите поврзани токму со оваа важна тема.

1000ok

Минатата година, кон крајот на октомври во Санта Роса, градот од кој доаѓаат се случи настан кој беше непријатен за сите жители на ова место. Беше убиено 16 годишно дете – Енди Лопез и тоа од страна на полицаец. Поминаа точно три години откако 21-годишниот Мартин Нешкоски беше претепан до смрт на плоштадот Македонија во Скопје. Денес, Мајкл и Тери ќе читаат социјално ангажирана поезија во една од најстарите библиотеки во Рим, а исто така ќе има организирано неколку читања поврзани со темата полициска бруталност на повеќе места во светот.

Исто такво, поетско читање беше организирано и во Гевгелија во декември 2013, а она што се читаше на 4 јуни 2014 година во АКСЦ само помогна во обележувањето и потсетувањето на овие трагични настани. Дел од стиховите кои ги сподели Мајкл Ротенберг освен за убиството на Енди Лопез, говорат и за она што му се случи на Мартин Нешковски.

100тпцОК

Ова е меѓународна манифестација која преку социјално ангажирана поезија и преку јавна демонстрација на солидарност и единство укажува на тоа дека „100 Илјади поети за промена“ како глобално движење се бори против полициската бруталност и кршењето на човековите права.

Повеќе на овој ЛИНК!

Време е да кажеме СТОП НА ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ!

Leave a comment