Габриела Стојаноска-Станоеска – Преселграб

Кога заминувам
мостот се тегне да ме врзе за старата јасика
спомен зелен пушта низ рамка шир…
а кома е, срце ѝ ни се чува
в гаража нова подземи.

Кога заминувам
паркот рипа ограда и трча со мене
но бавен е ко првите паткања
се вртам назад – сам е
му пораснала жолта брада
налик на затвореник
на пазар без луѓе.

Кога заминувам
земјата зад грб заговор ми кова
косите корнат по сплетот со тревјето
асвалтот ми се нагнетува в тилот дол
упорно настојува да ме легне.

Кога заминувам
ги ширам до експлозија зениците
за мирнотежа
полек да ми биде светот
поземен на рамениците
изместен од главниците.

Leave a comment