Милена Ристова-Михајловска – „Да се биде или не?“

Дојдов до реката.
Трња ме испоизгребаа додека стасам,
лигаменти истегнав дури стигнав…

и што сега?

Да одморам или да одам,
да се напијам вода или да пливам,

да газам жед или тело да квасам?

Нема назад.

Духот ми гори за адреналин,
на срцево му се одмора,
мислата струи кога сите спијат…

И ми се спокојува,
и ми се делува…

Ќе пливам
и жедна не ќе останам.

Leave a comment