Никола Стојанов: Имагинација

Невремето буди спомени.
Тера да мислиш,
да се збуниш,
да залуташ во невреме
облаци да дофатиш,
да пораснеш во мисли,
но невистински.

Натурален свет
во измислено општество.
Хемиски-нуклеарен кислород во твојот мозок.
Во мисли стануваш поголем,
а помал си од сите.
Најпаметен, но најглупав.
Просјак во облека,
милионер во мисли.
Мисли, но не мисли.
Мислиш, но невистини.

Измислен рај во твојот живот.
Проклето убав,
ама жив пекол.
Непротолкуван.
Без разлика, мисли таму ти летат
А невремето твое,
одамна измислено,
трае и трае.

Не можеш да сфатиш,
а веќе долго мислиш.
Во еден дожд,
додека не престане,
а не престанува
само тоа твое невреме имагинирано.
Го уби сонцето, но не знаеш.
Зошто невреме?
Знаеш, а не разбираш.
Мислиш, но не мислиш.

Leave a comment