Поетско читање во Гевгелија против насилство

Поетската манифестација „100 илјади поети за промена“, организира поетско читање насловено „No safe heaven“ („Нема сигурен рај“) во кафе бар „У“ и во соработка со Дом на култура Гевгелија.

ноос

Манифестацијата ќе биде посветена на Енди Лопез, 13 -годишно дете од Санта Роса, Калифорнија, кое беше застрелано од страна на полицијата поради играчка-пиштол.

Учесниците ќе имаат можност да направат фотографија со знак „Правда за Енди” („Justice for Andy“), која ќе биде испратена во САД како демонстрација на солидарност со главните организатори.

dnev

(Кликни на сликата да одиш налинкот на Дневник)

 

На тој начин и Македонија симболично се приклучува кон протестот за насилство што периодов е актуелен во САД.

Ќе биде промовирано и видеото „Ноу сејф хеван“, песна на Елис Ебакор посветена на Енди Лопез, а снимена во Нигерија.

Ова е меѓународна манифестација која преку социјално ангажирана поезија и преку јавна демонстрација на солидарност и единство укажува на тоа дека „100 Илјади поети за промена“ како глобално движење се бори против полициската бруталност и кршењето на човековите права.

Со музичка поддршка на настанот ќе се придружи Теодора Гошева.

Leave a comment