Петранка Костадинова – Заборав

Те чекам одмна
да ти раскажам што ми пренесе
ветрот од лудите ноќи.
Ми рече дека далеку
некаде сонот
на летната ноќ
лудува по тебе.
Далеку од тебе
чека раскрвавен цвет
кој го бара ноктот
на дивото месо.
Приближи се слико моја
биди моја прилика
во непристојно време
раскажи ми кој дел
од телото твое
копнее по допирот
на Божествената дланка.
Раскажи ми
кој те љубеше
додека пролетта војуваше
со студената зима
и ги покриваше сите мориња

Leave a comment