Петар М. Петковски – Човек

Кога ќе ја погазеш својата чест,
кога ќе почуствуваш омраза,
кога ќе искусиш отуѓување,
кога светот ќе ти се сруши,
кога ќе останеш сам,
кога надежта на овој век ќе ти постане фарса,
кога од уништеноста нема да можеш да почуствуваш ниту една страст,
кога сите вести ќе згаснат со својата минливост,
кога доброволно ќе ослепиш, заради вистинските очи на многумина,
кога ќе се исушиш како гранка за јадење и пиење,
и кога ќе ги увидиш сите суети на потсмевот,
не, нема да постанеш светец,
ќе ја спознаеш суштината на самонебитноста
и дури тогаш, ама само можеби,
ќе се подигнеш од јамата на пеколот
за да го извикуваш Името на Оној, Кој создал сè
да биде благословено,
а тогаш, повторно,
Он ќе те подигне со погледот
од кој излегува светлина нетрулежна,
па така со Своите зраци, повторно,
ќе те направи човек.

Leave a comment