Далибор Ивановиќ – За крај

ќе остариш
ќе ти се намалат желбите
ќе ти ги изеде темнина забите
нема да можеш да ги поделиш зборовите
ќе ти излезе вистината цела
од окото на огледалото ќе се одбие
и ќе ти се врати назад
да те уништи
или да ти даде сила
нема бегање од тоа
можеш да се криеш
зад титули
зад кули
во авиони
преку океани
зад облека
било каде да отидеш
ќе те најде
ќе ти се врати
ќе те соочи
со твоето друго лице
со твоето запоставено срце

Leave a comment