Никола Маџиров – Изреченото нè прогонува

Им дадовме имиња
на дивите растенија
зад недовршените згради,
ги именувавме сите споменици
на нашите поробувачи. Continue reading

Десанка Николова – Болката на светот

Во школката звукот на морето спие,
син кристал од бранот се раѓа,
во сенката на ветрот – гранка умира.. Continue reading

Ѓорѓи Теневски Кишни – Окован збор

Тешко плива зборот тука
меѓу влажни ѕидови во оваа ноќ
само се беспомошно препелка и сука
во поетска реч без некоја моќ. Continue reading

Лулзим Хазири – Зборови неискажани

Ќе кажеш еден збор кој веднаш никнува, на таванот,
Додека гледаш облаци стуткани како бела волна во вретено,
Преку прозорец што не се затвора за атер на ладот кој се поросува,
И се истура врз кожата што гори без допир. Continue reading

Митко Гогов – … а требаше да биде траума од процесот

вдахни си тревкаста роса на твоите очи

уплавот како корен од клетва пушти го
во речното корито на судните води.

во раката срцето на светот ни отчукува
и тоа сѐ повеќе боли Continue reading

Бојана Коштрева – Промени

И што сега!?
Каде го чувате тоа време што лечи рани?
Јас знам за време во кое се примаат удари од сите страни!
Конфузни лица, замислени, во глава носат пусти сонови,
носат актовки полни идеи, туѓи прашања, лажни одговори. Continue reading