100 Илјади поети за промена vol. IV

Четврто издание на манифестацијата

„100 Илјади поети за промена“,

Струмица 2014 година

100cover

Во сабота, 27 септември 2014 година, во Струмица ќе се реализира четвртата по ред манифестација „100 Илјади поети за промена“. Ова е настан кој е дел од глобалната манифестација 100 Thousand Poets for Change, меѓународна манифестација која годишно се оддржува во повеќе од 100 држави.

Ова е манифестација која има за цел да се шири и да ги мобилизира сите поети ширум светот, а досега во Македонија се вклучуваат сите оние кои сакаат и имаат волја да бидат промената која сакаат да ја видат во светот или најмалку во/ околу себе. За оваа година се закажани 700 настани, во повеќе од 100 држави во светот.

100SHIRENJEКако дел од програмата во Струмица ќе се реализираат две читања, од кои денските поетските рецитали се наменети за основците и средношколците од општина Струмица кои претходно ќе се пријават на отворениот конкурс, додека вечерното читање е наменето за поетите од цела држава кои со целосен ентузијам ја поддржуваат идејата и мисијата на самото движење.

Освен конкурсот за испраќање песна, отворен е и конкурс за испраќање на плакат решение кое ќе биде дел од изложба за време на фестивалот. Поезијата и вашите дизајнерски решенија (A3 формат) можете да ги испраќате на poetizapromena@gmail.com.

profilОваа година по втор пат ќе биде промовиран алманах „100 Илјади поети за промена I“во кој ќе бидат застапени дел од поетите кои ќе учествуваат на конкурсот за поезија, останатите ќе бидат објавени на нашата страница, веднаш штом ќе бидат испратени на нашата адреса.

Струмица е веќе четврти пат дел од ова глобално движење кое служи за подигање на свеста кај граѓаните за проблемите со кои се соочуваме секојдневно, поетите имаат единствена можност преку сопствената ангажирана поезија да проговорат за сите овие проблеми.

Стиховите ослободуваат посебно кога во нив имаат силна порака!

Leave a comment