Распишани конкурсите за поезија и плакат за 13. издание на 100 Илјади поети за промена

Mанифестацијата „100 000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распишува поетски конкурс за овогодинешното издание на Фестивалот. Continue reading

Конкурси за поезија и плакат во рамки на „Сто илјади поети за промена“

Манифестацијата „Сто илјади поети за промена“ во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распиша поетски конкурс за годинашното издание на фестивалот. Continue reading

4 години заедно – 100 Илјади поети за промена

Настанот е дел од глобалното движење во кое се вклучени бројни уметници и интелектуалци од над 100 држави во светот. Continue reading

100 Илјади поети за промена vol. IV

Четврто издание на манифестацијата „100 Илјади поети за промена“, Струмица 2014 година Во сабота, 27 септември 2014 година, во Струмица ќе се реализира четвртата по ред манифестација „100 Илјади поети за промена“. Ова е настан кој е дел од глобалната … Continue reading

Мане Манушев

Кога завршуваше денот

Кога завршуваше денот
ме прашуваа
каде е твојот дом?
јас им велев –
таму каде небото е пониско
од вашите тавани и кровови,
кога завршуваше денот
ме прашуваа
кој е твојот јазик?
а јас им велев –
оној јазик
од чија празнина помеѓу
зборовите ќе разберете
дека нашата иднина е невина,
ме прашуваа
кој е твојот пат?
а јас им велев…
патот на птиците чии сенки
остануваа на небото
кога завршуваше денот.

Венци Трајков

Ми фалиш ко цигара за со утринско турско кафе, ми фалиш ко
сирење врз филија пинџур, ко добро зготвено фасуљче со ребра во
некоја македонска традиционална кујна ко шо му фали на бездомник,
ми фалиш ко лента дијазепам за против болката од тоа шо ми
фалиш, ко тито шо им фали на постарите, ко нашата песна од
мадругада шо ме ежи ептен крупно(мама еднаш ми кажа, шо ти е тоа
по рацете, да немаш баба шарка)ми фалиш ко шекспир шо му фали
на литературата, како ван гог во уметноста, ко моцарт во музиката,
ко Бог на светот,ми фалиш ко едно седум-осумдес иљади еура и да
си го решам стамбеното прашање и остатокот од мојот живот, ми
фали твоето “ми фалиш” кога ќе ми го кажеш во 4 наутро. Тогаш
сите спијат и никој на никој не си фали, така да целото фали е наше.
Е тоа позитивно фалење ми фали. Ми фали тоа кога излегуваш од
туширање, сега на 50 степени, застануваш над мене и мократа коса
ја цедиш врз моето жешко тело. Е, тогаш сфаќам колку е значајна
водата за човештвото. Ми фалиш кога усисуваш напучена оти е
кратко цревото на правосмукалката, јас го скратив за да те гледам во
газот напучена, а ти реков дека мора да го сечам оти е скинато. ми
фалиш ко љубавница, ко френд, ко модерен френд мислам на овие
од фејсбук, е таков,ко сестра, а во моментот ми фалиш и ко мајка
оти баш сега на мама и реков да ми ја сошие блузата, не можела, не
и се гледало да го вдене конецот во иглата, ми фалиш сега да ми
ја сошиеш, брзо се шие, лесен материјал е, јебига понекогаш и
материјално ми фалиш. и сега кога сум веќе возрасен ми фалиш ко
тинејџерска љубав, баш чиста, бессрамна, наивна, страсна, гласна,
до толку колку шо сме гласни во кревет.

Бобан Богатиновски

Семоќен

На моменти посакувам да сум Семоќен,
но не да создавам или модифицирам нови светови,
да решавам големи и мали судбини, казнувам или наградувам
или слични глупости.
Едноставно Семоќен како кристално чиста поетска метафора.
Бобане, губитнику, зошто толку енергија трошиш да сонуваш?
Зафати се со работа !!
За да се роди магијата, мора некој да ја произведе,
а тоа не се случува со пукнување на прсти
туку со движење на нештата во посакуваната насока,
Зафати се со работа !!! Долго време си во маѓепсаниот круг
чија квадратура не може да се пресмета така лесно.
Соништата имаат смисла само ако се патокази,
тие не смеат да бидат илузија
во собата во која лежиш на двоседот зјапнат во таванот,
во мачните минути на бесмислениот ден,
зјапнат во воздухот, додека уште едно твое тело седи на масата
и те посматра:
Соништа, соништа!!! Го знам твојот голем Сон.
Автомобил опасен по живот
и многу пластични жени со насмевки од милион долари.
Посакуваш да си брз, многу побрз од своите набилдани мускули,
брз скоро како Господ во Генезата…да можеш да се телепортираш
каде ќе посакаш, да прошеташ низ времињата,
да правиш кој знае што?! Ни самиот не знаеш зашто
Твоите желби се менуваат со секој нов момент:
Бобане, губитнику, дали се каеш додека лежиш на двоседот,
свесен дека си можел подобро да си го вложиш времето што одминало,
но за Тебе тоа е едноставна математика, толку едноставна, што не ти е предизвик?
Два меура од сапуница ако се сретнат во воздухот,
или ќе станат еден поголем меур или ќе се распрснат исто како и соништата.

Елена Пренџова

Параноична

Не ни е потребна

нестабилна економска ситуација
за да нè заплаши,

ниту пак нарушен мир
за да нè исплаши,

или пак пандемија
од вештачки произведен вирус
за да нè стрепери од страв,

зголемена стапка на
масовни убиства,
кражби,
силувања и
планирани самоубиства,

и онака успешно нè научија
повеќе од доволно
да се плашиме од самите себеси.

Поети за Промена, Струмица 2013

На 28 септември, 2013 година, сабота, во Струмица, Македонија ќе се оддржи третата по ред манифестација „100 000 Поети за Промена“,настан кој е дел од глобалната манифестација 100 Thousand Poets for Change, меѓународна манифестација која годишно се оддржува во повеќе од 100 држави.

Mitko header 100 iljadi poeti

Манифестацијата има за цел да се шири и да ги мобилизира сите поети ширум светот, а досега во Македонија се вклучуваат сите оние кои сакаат и имаат волја да бидат промената која сакаат да ја видат во светот или најмалку во/ околу себе.

Темите кои се најчеста инспирација за авторите и поетите вклучени во ова движење обработуваат содржини од општествениот и социјален живот, мирот, одржливоста, природните ресурси, заштита на планетата Земја. Проблемите поврзани со глобалното затоплување, природните промени, со содржината на ранливите групи, желбата за поубав свет и подобро утре!

Преку овој проект ќе се согледа дали поезијата и пишаниот збор се доволно моќни да направат позитивна промена во државата, промена во начинот на размислување, односот на луѓето, обидот да се инспирираат и мотивираат луѓето за барем минимална промена. Да се промени гледиштето на светот со зборови, мисли, активистичка поезија, социјална, општествена опсервација на моментални состојби на умот и телото, размислувања и разговори со самите себе, внатрешни промени наспроти големата слика.

Струмица е веќе трет пат дел од ова глобално движење кое служи за подигање на свеста кај граѓаните за секојдневните проблеми со кои се соочуваме секојдневно, поети имаат единствена можност преку сопствената ангажирана поезија да проговорат за сите овие проблеми. Стиховите ослободуваат посебно кога во нив имаат силна порака!

Се гледаме наскоро со активности кои ќе го промовираат ова движење и нашата заедничка мисија! 100 000 Поети за Промена, Струмица 2013 може да започне!

p.s. се надевам(е) Ви се допаѓа нашиот блог ~